Во „Порта Македонија“ денеска ќе бидат промовирани нови дела од проектот „Македонски искушенија“.
Проектот предвидува печатење на 25 ексклузивни публикаци произлезени од документарните филмови посветени на значајни личности и настани од македонската историја, кои македонската јавност имаше можност да ги види на Македонската радио-телевизија во изминатиот период.
На промоцијата ќе се обрати Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.