Промоција на новата поетска книга на Виолета Танчева-Златева – „Глуво време“

Од:

Во понеделник, на 10 април, во 19:19 часот, во Изложбениот салон на КИЦ ќе се одржи промоција на новата поетска книга од истакнатата македонска поетеса Виолета Танчева-Златева.

Збирката што се закити со „Антев златник“ во 2022 г. излегува во издание на Издавачки центар ТРИ. Илустрацијата на корицата ја изработи Стефан Златев, а дизајнот е на Ана Ќортошева. Промотор ќе биде д-р Атина Цветаноска, книжевен истражувач и член на жирито за наградата „Антево перо“, а настанот ќе го модерира Александра Јуруковска, активен проследувач на книжевните објави кај нас. Стиховите со својата интерпретација ќе ни ги доближи актерот Теоман Максут.

Новата поетска книга на Танчева-Златева се разликува од нејзините 8 претходни стихозбирки со тоа што го повикува поединецот да го разбуди во себе патриотското чувство, покажувајќи му како (не) се сака татковината.

„Ако не ние – кој? Ако не сега – кога?“ Со овие зборови од поетесата ве повикуваме на оваа несекојдневна промоција. Влезот е слободен и добредојден е секој кој е подготвен за нешто поинакво.

Би можело да ве интересира

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов