Промоција на „Неолитски фигурини во Македонија“ од Гоце Наумов

Од:

Промоцијата на книгата „Неолитски фигурини во Македонија“ од Гоце Наумов ќе се одржи утре, 20 ноември, во Археолошкиот музеј на Македонија во 20:00 часот.

Оваа монографија е публикувана од издавачката куќа „Магор“, а настанот е во организација на Центарот за истражување на предисторијата – ЦИП, Археолошкиот музеј на Македонија и издавачката куќа „Магор“, а со подршка од Музеј на град Скопје и Музеј на Македонија.

Промоцијата ќе се одвива во аудио-визуелен амбиентален простор и ќе биде од интерактивен карактер, така што авторот ќе разговора и дискутира со присутните за неолитските фигурини и нивните специфични обележја.

Во монографијата „Неолитски фигурини во Македонија“ се презентирани сите досега познати минијатурни претстави на човечкото тело пронајдени на повеќе локалитети датирани околу шестиот милениум п.н.е.

Во неа се обработени клучните аспекти на неолитските антропоморфни фигурини, вклучувајќи ги нивната географска распространетост, типологијата, временската припадност, техниките на изработување, иконографските обележја, како и симболичките значења што овие предмети ги содржат. Направен е широк мултидисциплинарен преглед што овозможува целосен увид во скоро сите аспекти на овие артефакти.

12278018_10208171195492822_1552839861_n

Во монографијата се приложени различни анализи и согледувања за улогата на неолитските фигурини во првите земјоделски општества во Македонија, со што воедно се истакна нивното исклучително значење во социјалните и симболичките процеси карактеристични за заедниците кои го населувале овој простор пред околу осум илјади години.

Авторот на монографијата, Гоце Наумов е доктор на науки и работи во Музеј на Македонија. Во центарот на неговиот научен интерес е предисториската археологија и особено неолитските општества во југоисточна Европа и Блискиот Исток. Учествувал на бројни археолошки ископувања на локалитети на Балканот, Мала Азија и Северна Америка, а раководел неколку проекти концентрирани на населбите и материјалната култура во Пелагонија. Автор е на повеќе од четириесетина научни труда и три монографии публикувани во Европа, Австралија и Америка. За своите научни трудови е добитник на награди од Светскиот археолошки конгрес и Европската асоцијација на археолозите.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска