Промоција на награденото делоо „Насликано време“ од Стојан Тарапуза

Од:

По повод Меѓународниот ден на литературата за деца во Јавната општинска установа Библиотека „Искра“ од Кочани денеска беше промовирана книгата за деца „Насликано време“ од авторот Стојан Тарапуза. Промотор на делото беше писателот за деца Горјан Петревски.

– На светскиот ден на одбележување на литературата за деца го промовираме ова дело на мојот драг колега и писател за деца Стојан Тарапуза, дело кое е добитник на наградата за најдобра книга за деца „Ванчо николески“ за 2014 година. Ме радува посетеноста на ученици од кочанските основни училишта и нивниот интерес за творештвото на Стојан Тарапуза, истакна во своето обраќање писателот Горјан Петрески.

На промоцијата на книгата „Насликано време“  посетителите можеа да се запознаат и со останатите дела од творештвото на писателот Стојан Тарапуза.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска