Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Од:

Монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на театрологот Ана Стојаноска ќе биде промовирана денеска во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, во рамки на на фестивалот „Војдан Чернодрински“.

-Книгата ја замислив како троен преглед на три важни топоси поврзани со неговата и со мојата работа. Ја насловив како „Коле Чашуле: Приказнувачот“, според еден од текстовите во книгата. Книгава е димензионирана да биде и лична, и научна, и непосредна, и објективна, и театролошка, но и своја каква што треба да е една книга за Коле Чашуле на стогодишнината од неговото раѓање. Коле Чашуле е мојот втор татко. Човекот што ме научи како да пишувам, како да работам, како да се однесувам во светот на театарот и книжевноста, во животот, воопшто. Човекот што ми беше огромна поддршка во процесот на образование и растење. Некогаш зборовите се скржави да го искажат количеството емоции што гo носиме за одредени луѓе. Моите за мојот чичко Коле, мојот втор татко, решив да ги напишам во оваа книга. Книга што на едно место ќе може да го прикаже моето формирање како автор и како писател, и како театролог, и книга што на едно место ќе го толкува, ќе го интерпретира или само ќе одгатнува мал дел од творештвото на Коле Чашуле. Некои од текстовите се веќе објавени во списанијата „МАНУскрипт“, „Спектар“, „Современост“ и „Стожер“, пишува Стојаноска во воведот.

Таа изразува посебна благодарност до професорката Јелена Лужина за помошта и поддршката, до Кире Галевски за отстапените фотографии, Горјан Донев за дизајнот на книгата, Тодорка Балова за лектурата.

-Не само во жанровска, туку и во поетичка смисла, книгата Чашуле – приказнувачот се препознава како прилично, дури и експлицитно „хибридна“: нејзиниот „темелен“ дискурс е, напоредно, и научно дистанциран (театролошки аргументиран/„објективен“), ама и евидентно „субјективен“: интимистички тактилен, речиси романескно „расприкажан“, поетичен, наведува проф. д-р Јелена Лужина во рецензијата на книгата.

Промоцијата на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ е во рамките на програмата „Автор во фокус“, издадена со помош и поддршка на Факултетот за драмски уметности од Скопје и издавачката куќа „Арс Ламина“ и делумна поддршка од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Денот кога заборавивме да плачеме“ на Магдалена Стојмановиќ – Константинов

Ана Ололовска