Промоција на монографијата „Борко Лазески 1917-1993“ во МАНУ

Од:

Со промоција на монографското издание „Борко Лазески 1917-1993“ во Македонската академија на науките и уметностите, Националната галерија на Македонија го почнува одбележувањето на 70-годишнината од нејзиното основање.

Воедно, ова одбележување се надоврзува со јубилејот 100 години од раѓањето на овој најпознат македонски монументалист, академски сликар, педагог, продолжувач на традицијата на фрескосликарството и втемелувач на витражот, кое ќе се одржи овој месец кој е посветен на неговото творештво.

На промоцијата на ова монографско издание ќе се обратат претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, академик Влада Урошевиќ, д-р Небојша Вилиќ, редовен професор на УКИМ и кураторот на проектот, Маја Чанкуловска Михајловска.

Борко Лазески бил првиот в.д. директор на Уметничката галерија „Скопје“ (подоцна преименувана во Национална галерија на Македонија). Во 1951 година почнува да работи на своето најпознато монументално дело „Фреската за НОБ“ за Старата железничка станица во Скопје со 222 м2 површина, завршена во 1956 година и уништена во земјотресот од 1963 година. Во 1957 година станува професор на Педагошката академија во Скопје, а од 1969 до 1971 година е претседател на ДЛУМ. Од 1972 година повторно работи како професор на Педагошката академија во Скопје. Во почетокот на 80-тите години заминува во Мексико Сити каде останува неколку години, работејќи на неколку мурали.

Реализирал повеќе студиски престои во: Италија, Грција, Австрија, Германија, Јордан, Турција, Сирија, Либан, Египет, Ирак, Авганистан, Пакистан и Индија, исто и во СССР, Узбекистан, Ерменија и Грузија). Добитник е на бројни награди и признанија за своето творештво, меѓу кои и Октомвриската награда на СР Македонија за животно дело во 1987 година.

На 15-ти месецов ќе биде отворена изложба на негови дела во галеријата Даут-пашин амам, каде што на 28 февруари Националната галерија на Македонија ќе организира и предавање за Лазески (1917-1993).

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање