Промоција на монографија и документарен филм за „Копачката“

Од:

Патот на орото „Копачка“, од соборот во Драмче преку многубројните домашни и светски фестивали, па се до УНЕСКО, доби своја монографија и документарен филм.

По повод двегодишнината од впишувањето на „Копачката“ во УНЕСКО, денеска во Спомен-домот АСНОМ во Делчево пред многубројна публика и гости од Министерствто за култура, беа промовирани овие два значјани документи кои ќе останат да сведочат на идните генерации за живото оро „Копачка“ кое со векови се игра на овие простори. Авторот на монографијата Димитар Узунски, кој 58 години ја води „Копачката“ на фолклорната сцена, своите спомени, стари фотографии, згоди и незгоди, ги преточи во првата монографија за Копачката.

– Посебно сум горд што успеав да истраам и да ги сочувам и документирам сите мои спомени поврзани од Копачката. Уште во 1960 година, кога зпрв пат ги видов старите играорци како ја играат Копачката на една свадба во селото Драмче, и како одекнуваа тапаните од околните ридови, бев сигурен дека таа уметност на тапанџиите и на играорците заслужува добра промоција и дава перспектива да излезе орото „Копачка“ и надвор од Пијанец, рече Узунски.

Тој додаде дека грижливо ги чувал сите фотографии од нивните настапи, сите натписи во весници, а на монографијата работел цел живот.

Монографијата и документарниот филм се докумети кои остануваат на идните генерации, потенцираа рецензентите на монографијата м-р Ивона Опетчевска-Татарчевска од Управата за заштита на културното наследство и д-р Велика Стојкова-Серафимовска, од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“.

– Од посебно значење е монографијата на авторот Димитар Узунски, бидејќи го претставува неговиот животен пат со „Копачката“, од неговото запознавање со „Копачката“ и до ден денешен она што го поминува со неа. Станува збор за исклучително богата монографија со многу прецизно водена архива и ние сме исклучително среќни што имаме мжност да ја промовираме, истакна м-р Ивона Опетчевска- Татарчевска.

За д-р Велика Стојкова-Серафимовска од Институт за фолклор„ Марко Цепенков“ и двата производи и филмот и книгата се од огромно значење за архивирање на целиот процес на впишување на Копачката во УНЕСКО.

– Ние сме горди на „Копачката“ и на Делчево, бидејќи се сфати вредноста на овој чин на впишување во УНЕСКО. Тоа може да се види и во самиот филм кој претставува на еден начин видео документиран материјал за целиот процес кој траеше од 2010 година, но и многу порано од кога се роди иницијативата. Овој филм може да ни го покаже моментот на упорност, посветеност и љубов, дека она што се предлага за УНЕСКО е заслужно и вредно да влезе на оваа репрезентативна листа, рече Стојкова-Серафимовска.

Копачката сега е пред предизвик да се докаже одржливоста на орото, истака Перса Стојановска, секретар на Здруженето „Копачка“.

– Ние и годинава со поддршка на Минситерството за култура ќе работиме на низа проекти со кои докажуваме дека орото „Копачка“ е живо оро. Еден од нив е и „Копачката и соборите“, каде на терен ќе ги следиме сите модофикации на орото по што планираме да издадеме уште една публикација, рече Стојановска.

По повод двегодишнината од Копачката во УНЕСКО, на поединци и фирми поддржувачи на „Копаката“ им беа доделени благодарници. Благодарница доби и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Би можело да ве интересира

Откриена тајната на американскиот претседател: „Спиеше со повеќе мажи отколку жени“

Предраг Петровиќ

Секс, лаги и скандали: На Нетфликс пристигна серија за веб-страница која растури многу бракови

Предраг Петровиќ

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

Почна снимањето на документарецот за Еми Вајнхаус

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска