Промоција на македонското издание на романот „Платно“ од Бенјамин Штајн

Од:

Литературно читање и разговор со германскиот писател Бенјамин Штајн кои се воедно и промоција на македонското издание на романот „Платно“ ќе се одржи вечер во ГЕМ клубот.

Настанот е поддржан од Друштвото за македонско-германско пријателство, литературната мрежа Традуки, Гете Институтот во Скопје, а е во организација на издавачката куќа Блесок и преведувачката Елизабета Линднер.

Бенјамин Штајн е роден 1970 година во Источен Берлин под друго име. Од 1982 година објавува поезија и куса проза. Од 1995 година работи како новинар, кореспондент и советник за информатичка технологија. Од 2006 до 2008 година е коиздавач на литературното списание спа_’тиен’, а од 2008 година сопственик на издавачката куќа Edition neue moderne. Редовно пишува на својот литературен веб-блог Turmsegler. Бенјамин Штајн живее и работи во Минхен.

Негови објавени дела се „Азбуката на Јуда Лива“ (роман, 1995), „Поинакво сино“ (проза за седум гласови, роман, 2008), „Платно“ (роман во две приказни, Ц.Х. Бек, 2010) , „Replay“ (роман, Ц.Х. Бек, 2012).

Романот „Платно“ во Германија беше објавен во 2010 година, а во 2011 година излезе кај Блесок, во превод од германски на Елизабета Линднер, и со поддршка од литературната мрежа Традуки. Македонскиот превод е прв превод на овој роман, кој веќе излезе на неколку јазици и сè уште активно се преведува.

Во двете слоевити приказни на протагонистите Јан Векслер и Амнон Зихрони, романот се занимава со идентитетот и сеќавањето низ призмата на еврејската култура и религија, а воедно плени со својот убав, лесен и живописен јазичен и литературен стил. Со тоа оваа книга заслужно доби одлични рецензии во сите водечки германски весници и списанија, а за неа авторот ги доби литературните награди Тукан и Наградата за поддршка на писатели од Министерството за наука, истражување и уметност на Баварија.

Би можело да ве интересира

Романот „Амбасади“ на Луан Старова објавен на бугарски јазик

Ана Ололовска

Нов број на списанието „Македоника“

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Мое виножито“ од Даниела Ангелова – Прнарова

Ана Ололовска

Промоција на „Порој од пепел“ од Исток Улчар

Ана Ололовска

Романот „Круг“ од Димитар Башевски објавен во Софија

А1он

Промоција на книгата „Парадоксикон“ од Томислав Османли

Ана Ололовска

Leave a Comment

5 × two =