Во Културно информативниот центар – Салон 19.19 во Скопје денеска ќе се одржи промоција на книгата „Македонско-хрватска тангента”, на новинарот и писател Сашо Георгиевски.
На промоцијата, која почнува во 19 часот, книгата ќе ја промовираат амбасадорот на Република Хрватска во Македонија Златко Крамариќ, поранешниот македонски амбасадор во Хрватска Данчо Марковски, професор Сњежана Тројачанец од Заедницата на Хрватите во Македонија, професор Васил Тоциновски од заедницата на Македонците во Хрватска и Александар Дамовски, уредник на МКД.мк.