Промоција на македонската култура во Париз, oвации за претставата „14 часа“

Од:

Изведбата на современата балетска претстава „14 часа“ со силен аплауз беше поздравена синоќа во преполната сала на театарот Ле Палас во Париз, Република Франција.

Многубројните присутни, меѓу кои и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер, амбасадорот на Македонија во оваа земја, Агрон Буџаку, претседателот на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа, Јордан Плевнеш, дипломати, високи претставници на УНЕСКО и претставници на Францускиот институт од Париз, со овации го поздравија настапот на првениците и солистите на Македонската опера и балет.

14CasaPariz (3)

Како особено успешни, соопшти Министерството за култура, беа оценети уметничките креации на примабалерината Александра Мијалкова и првенецот Васил Чичијашвили, како и солистите кои се дел од оваа најизведувана македонска балетска продукција која во изминатиот период беше прикажана во неколку европски центрим меѓу кои Рим, Виена и во Сараево.

Пред почетокот на изведбата на претставата, беше отворено и јубилејното, петто по ред, издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа „SEE a Paris”, кој од 12 до 16 април се одржува во француската метропола. На церемонијата на свеченото отворање, министерката Канческа-Милевска истакна дека фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа е успешен модел на соработка со која земјите од овој регион ги манифестираат своите заеднички заложби за отворена соработка и размена на културните вредности кои ги поседуваме како држави и кои се дел од европскиот културен мозаик.

14CasaPariz (1)

Таа пред присутните гости и претставници од филмските продукции на 12 земји од Балканот ги нагласи заложбите на Владата на Република Македонија и Министерството за култура за поддршка на филмската дејност и промоција на македонската кинематографија во меѓународен контекст. Информираше и за мерките за субвенционирање на филмските продукции кои ќе работат во Република Македонија и за кои е обезбеден поврат од 20 отсто на средствата вложени во реализацијата на филмските остварувања.

На програмата на ова јубилејно издание ќе бидат прикажани и неколку македонски филмови на режисерите Игор Иванов, Сашко Потер Мицевски, Тамара Котевска, Вук Митевски, Ѓорче Ставревски, Кирил Каракаш и Марко Црногорски. На церемонијата на свеченото отворање, беа доделени и неколку почесни награди, меѓу кои наградата за најдобар актер во југоисточна Европа, која му беше врачена на светски реномираниот актер Раде Шербеџија.

За време на престојот во Париз, министерката Канческа-Милевска, предвидено е денеска во седиштето на УНЕСКО да оствари работна средба со генералниот директор на оваа меѓународна организација, Ирина Бокова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат