Промоција на македонска литература во Малме

Од:

Во Градската библиотека во Малме денеска ќе се одржи промоција на едицијата „130 тома македонска книжевност“ во превод на англиски јазик. Повод за промоцијата е склучување договор за соработка меѓу оваа шведска библиотеката и Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

На промоцијата, како што јави дописникот на МИА, ќе настапат повеќемина истакнати македонски писатели и творци, при што е предвиден и самиот чин на потпишување на договорот за соработка од директорите на двете градски библиотеки во Малме и Скопје, Торбјорн Нилсон и Бранко Цветкоски.

Со промоцијата ќе бидат опфатени и повеќе други изданија, меѓу кои и поетската книга „Аксиос“ на поетесата Лилјана Стоилковска-Андовска, која како претставник на Македонското поетско друштво „Дениција“ беше вклучена во конципирањето на програмата.

Присутните ќе ги поздрави македонскиот амбасадор во Шведска, Кире Илиоски, и воедно на директорот Торбјорн Нилсон ќе му ја врачи споменатата едиција, која лани на сличен културен настан беше донирана и на Градската библиотека во Гетеборг.

– Нема никакво сомневање дека ова ќе биде уште еден значаен придонес кон збогатување на фондот на преведени дела од македонската литература на рафтовите на библиотечната мрежа во Шведска, истовремено и како дел од натамошните напори за афирмација на познататата културна манифестација Денови на македонската поезија во Шведска, вели Ивица Челиковиќ, секретар на Македонскиот сојуз во Шведска.

По повод донирањето на оваа значајна едиција реч ќе одржи поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски, кој воедно ќе настапи и во рамките на поетското читање. Свои стихови ќе прочита и истакнатиот македонски поет Братислав Ташковски, а програмата ќе биде збогатена и со настап на познатиот македонски солист на класична гитара Дарко Багески и со изложба на сликарите Живко Поповски-Цветин и Ричард Милошевски. 

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска