Промоција на „Мајсторот“ – збирка раскази од Димитар Башевски

Од:

„Мајсторот“ е насловот на новата книга раскази од Димитар Башевски, која вечер во 20 часот ќе биде промовирана во Магор кафе-книжарница.

Промотори на книгата, која е во издание на издавачката куќа Магор од Скопје, ќе бидат Ермис Лафазановски и Владимир Јанковски.

По повеќе од десетина романи и пет книги поезија, Башевски првпат се претставува со збирка раскази настанати во последните две години. Книгата во 11 раскази зборува за љубовта и страста, за потребата луѓето да сонуваат и на тој начин да ги надминат ограничувањата на сопствената егзистенција, за обидите да им се даде ново значење на еднаш изгубените нешта итн.

– Карактеристика на оваа книга, покрај познатиот стил и јазик на овој автор, е користењето на хуморот и иронијата како важни елементи во раскажувачката постапка, вели издавачот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска