Промоција на книги поезија на сестрите Ана и Билјана Димишковски

Од:

Во среда на 16. септември во 20,00 ч. во клуб ресторанот МКЦ, ќе се одржи една невообичаена „сестринска“ промоција на најновите книги на Ана Димишковска и Билјана Костовска-Димишковска, во издание на ДИД Табернакул.

Приватна збирка на Ана Димишковска претставува чудесна збирка есеи инспирирани од ликовни дела и од книги во кои авторката ги искажува своите впечатоци од нив и контемплативно ги изразува своите мисли и емоции.

Денешниот ден на Билјана Костовска-Димишковска е необична книга во која авторката интересно ги осмислува страниците исполнувајќи ги со сопствени фотографии и мисли. Поделена е на нешта на кои авторката им го посветува денешниот ден, како формите, колачињата за слава, глуварчето…

За книгите, уметноста и убавото со авторките ќе разговараат Владимир Мартиновски и Вангел Ноневски.

Би можело да ве интересира

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“