Словенечки центар – Скопје вечер ќе ја промовира книгата „Втора жена во харемот“ од Зоран Предин, познат словенечки музичар, кантавтор, лидер на рок-групата „Лачни Франц“ и автор на химната на „Евробаскет 2013“.
Предин ќе ја претстави книгата во Друштвото на писателите на Македонија.
Словенечкиот центар-Скопје за утре во НУБ „Св. Климент Охридски“ најави Вечер на словенечка музика и поезија на која ќе настапат Зоран Предин и членови на Центарот, односно млади Словенци кои живеат во Скопје.