Промоција на книгата „Вистинска вода“ на Владимир Мартиновски

Од:

Промоција на поетската книга „Вистинска вода“ на Владимир Мартиновски ќе се одржи вечер во галеријата на Младинскиот културен центар.

Новата поетска збирка на Владимир Мартиновски е трет дел од неговата тетралогија „Квартети“. Промоцијата на книгата е замислена како музичко-поетска интерпретација: музиката е на басистот Оливер Јосифовски, а стиховите ќе ги читаат авторот и поетот Ѓоко Здравески.

vistinskaVodaVM (1)

Владимир Мартиновски е роден во 1974 година во Скопје. Тој е поет, есеист, раскажувач, книжевен теоретичар и преведувач. Работи како вонреден професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. За поетската книга „Квартети“ добитник е на престижната награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. „Вистинска вода“ е негова седма збирка поезија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска