Во рамки на 51. Драмски аматерски фестивал (ДАФ) во Кочани, денеска беше промовирна најновата книга на театарскиот критичар и театролог Иван Ивановски, насловена „Вертикали“, која се однесува на драмскиот аматеризам во Македонија.
– Книгата се обидува да биде еден сублимат на целото мое творештво, целото мое следење на сега Драмскиот аматерски фестивал, кој започна од Скопје, Велес, Штип, Струмица, Битола и Кочани. Книгата е доказ за подемот и развојот на драмскиот аматеризам во Македонија и ќе има значајно место во нашата театрологија, изјави авторот Ивановски.
Книгата ја објави ДАФ на Македонија, а финансиски ја потпомогнаа Министерството за култура и Советот на општина Кочани. Ја промовираше новинарот Тодор Кузманов.