Во Н.У. Уметничка Галерија Тетово вечер во 18 часот ќе биде промовирана книгата „Турски документи за историјата на Македонија, пописи од XIX век – Скопски Санџак, Тетовска Каза“, 1832/33, книга 1, том 1 од авторите д-р Музафер Бислими, д-р Аднан Шериф и м-р Ирфете Ибраими.
Книгата е објавена на македонски и албански јазик.
Во рамки на овој настан, ќе биде отворена и изложбата „200.000 Југословени – иселеници“ истражување на новинарот м-р Муртеза Сулооџа.
Двата настана се во организација на Фондацијата „Екај“ и Државниот архив на Република Северна Македонија.