Во малиот салон на галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје денеска ќе се одржи промоција на книгата „Тој и јас“ на уметницата Гордана Винчиќ.
Книгата е посветена на нејзиниот татко, познатиот археолог Живојин Винчиќ. Винчиќ имал активно учество во ископувањата на познатите археолошки локалитети Стоби и Хераклеја, а бил вработен како археолог во Заводот за заштита на спомениците на културата на Р.С.Македонија.
Проектот е подржан од Град Скопје и Ј.У.Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје.