Промоција на книгата „Ткаење на текстот“ од Александра Јуруковска

Од:

Во книжарницата  „Матица ексклузив“ вечер ќе биде промовирана книгата „Ткаење на текстот“ од Александра Јуруковска. Се работи за нејзина прва книга – збирка критички текстови за македонски книжевни дела објавувани од 2008 до 2013 година.

Книгата е објавена е „Силсонс“ од Скопје, со поддршка на Министерството за култура. Содржи 41 рецензија за исто толку наслови и два поголеми осврта за книжевната сцена во Македонија во календарските 2010 и 2011 година, објавувани во дневниот весник „Дневник“.

Меѓу рецензираните наслови има и голем број дебитатнтски дела на млади македонски автори, за кои многу често текстот на Јуруковска е и единствоно видување и оценка дадено досега. Меѓу насловите има и дела наградени со некои од домашни и меѓународни највисоките награди и признанија „Роман на годината“, наградата за поезија „Браќа Миладиновци“, наградите за поезија и проза на Друштвото на писателите на Македонија, „Балканика“, како и наградата за литература на Европската унија.

Книгата ќе ја промовираат Лилјана Грџо Дамовска, новинар и уредник во „Дневник“ и Мерсиха Исмајлоска, книжевник.

Александра Јуруковска (Скопје, 1981) дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, каде што во 2012 година магистрира со труд од областа на интердисциплинарните односи на книжевноста и медиумите.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска