Промоција на книгата „Теми за македонската литература ХХ век“ на академик Ала Шешкен од Универзитетот „Ломоносов“

Од:

Во рамки на 54. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ вечерва во Охрид ќе биде промовирана најновата книга за македонската книжевност од истакнатата македонистка и славистика, академик Ала Шешкен од Универзитетот „Ломоносов“ во Москва.

Делото насловено „Теми за македонската литература ХХ век“ е посветено на развојните процеси на македонската книжевност во дваесеттиот век, со акценти на тематските и стилските особености во делата на десетици македонски писатели кои оставиле впечатливи траги во доменот на поезијата, прозата и драмата. Со таквиот научен пристап книгата претставува своевидна историја на македонската книжевност во минатиот век.

Ала Шешкен, која е професор на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“, како славистка и компаративистка се издвојува како еден од најистакнатите и најпосветените промотори на македонската книжевност во меѓународни рамки. Со своите истражувања таа ги поставува темелите на систематското концептуално предавање и проучување на македонската литература на Универзитетот „Ломоносов“. Држи предавања и специјални курсеви од историјата на македонската литература, култура и македонската литературна критика на катедрата за словенска филологија при Филолошкиот факултет на Универзитетот „Ломоносов“. Автор е на над 200 научни трудови, од коишто најголемиот дел се посветени токму на македонската книжевност.

Од 2007 година, Ала Шешлен членува во Македонската академија на науките и уметностите. Добитник е на меѓународното признание „Блаже Конески“ во 2015 година, за придонес во проучувањето и афирмацијата на македонската литература и македонскиот јазик. Оваа година таа ја доби наградата „Почесно Рациново признание“.

Промоцијата на делото е предвидено за вечерва од 19 часот во Конгерснио центар во Охрид каде и се одржува годинешната 54. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска