Промоција на книгата „Разговорница“ од Кристина Николовска

Од:

Книгата филозофски разговори „Разговорница“ од Кристина Николовска денеска ќе биде промовирана во „Матица ексклузив“. Промотори ќе бидат Јордан Плевнеш и Венко Андоновски, а музички настап ќе има маестро Борис Трајанов.

Книгата содржи разговори за уметноста и филозофија на уметноста со Гане Тодоровски, Ферид Мухиќ, Јордан Плевнеш, Горан Стефановски, Борис Трајанов и Венко Андоновски.

Кристина Николовска е писател, универзитетски професор, теоретичар на литература, литературен критичар, есеист, поет, антологичар, менаџер на кампањи. Николовска е редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.

Автор е на дванаесет книги поезија, теорија на литература, литературна критика и есеистика, монографии и филозофски разговори.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска