Промоција на книгата „Пулсот и времето“ од Ана Јовковска

Од:

„Пулсот и времето“ е насловот на монографската збирка на новинарката Ана Јовковска чија промоција ќе се одржи вечерва во 20 часот, во Клуб ресторанот МКЦ.

Книгата ја сочинуваат интервјуа со афирмирани писатели, професори, уметници, активисти, актери, политичари и дипломати. Станува збор за книжевна архива и креативна селекција на педесетина, од околу петстотини интервјуа на Јовковска реализирани во ТВ проектот „Пулс“ на ТВ Алфа. Книгата расветлува прашања од интердисциплинарен карактер, анализирајќи ги социо-културните феномени на денешнината.

11106447_10207044601448675_1422728879_n

Промотори ќе бидат проф. Ферид Мухиќ, проф. Александар Прокопиев, Искра Гешоска и проф. Венко Андоновски.

За музиката е задолжен Костадин Шурбановски – Шурбе, а најавени се и неколку изненадувања во текот на промоцијата. Издавач е Силсонс – читачки клуб на Матица Македонска.

„Она што ги прави овие разговори поинакви од медиумската поплава на тековните ’дијалози‘ е успешната авторска стратегија на Јовковска да бранува низ интелектуалните, морални и емотивни капацитети на соговорниците и да ги симнува нивните општествено наштиркани маски. Ана Јовковска е една од ретките која во спој на промисленост и елеганција, индивидуалност и шарм, опстои, наспроти секојдневните јавни глупости и опасно заслепената граѓанска свест, како неопходен мислечки новинар. Авторката на тв-проектот ’Пулс‘ што се издвојуваше по својата префинета естетска концепција, се потврди како своевиден трагач по поединечното и општочовечкото. Кога пред 10-тина години за прв пат и бев гостин во емисијата, Ана, се сеќавам, ми кажа дека е убедена дека архетипски ја носиме слободата во себе. Сега, пред нејзината книга ’Пулсот и времето‘ сум сведок дека нејзината творечка слобода и креативност се во зрела фаза, а очевиден резултат на тоа е оваа монографија во која повеќе медиуми (телевизија, видео, фотографија) се споени во возбудливи четиво, што едновремено е документ и литература“, пишува за книгата писателот Александар Прокопиев. .

Ана Јовковска (1982) е новинарка, водителка, продуцентка, активистка и хуманистка. Авторка е на над 1 000 ТВ интервјуа и текстови од областа на комуникологијата, креативните индустрии, родовите студии и филмот. Креаторка е на ТВ проектот „Пулс“, во кој го промислува и го анализира духот на времето и социо-културните феномени и ги артикулира интелектуалните ставови на мислечките луѓе во македонското општество. Пишува поезија и проза. Активизмот е нејзин начин на живот. Им помага на луѓето за да го оправда своето постоење.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи