Промоција на книгата „Прилози за историјата на социолошката методологија“ од Петре Т. Георгиевски

Од:

Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје денеска ќе ја промовира книгата „Прилози за историјата на социолошката методологија“ од проф. д-р Петре Т. Георгиевски. Во своето најново дело, познатиот универзитетски професор и научник ги проучува методите на истражување на класичните социолози и на нивните влијателни следбеници.

Во препораката на изданието, проф. д-р Марија Богдановиќ, еден од тројцата рецензенти, констатира дека студијата е од исклучително значење во областа на социологијата и другите дисциплини кои се занимаваат со проучување на општествените појави.

-Георгиевски прави избор на оние автори кои со својата оригиналност во проучувањето на општествените појави ги поставија теориско-методолошките основи за развој на општествено ангажирана наука која се стреми кон вистинско сознание за човекот, општеството и неговата историја, смета Богдановиќ.

Промотори на најновото дело на Петре. Т. Георгиевски ќе бидат универзитетските професори д-р Златко Жоглев и д-р Ило Трајковски, а промоцијата ќе се одржи во паркот на Матица Ексклузив во Скопје.

Би можело да ве интересира

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се одбележува „Недела на италијански јазик во светот“

Ана Ололовска

Распишан конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“

Ана Ололовска

Романот „Птиците умираат пеејќи“ објавен на македонски јазик

Ана Ололовска

Рокот за учество на Меѓународниот фестивал на кратки книжевни форми трае до 15 октомври

Ана Ололовска

Објавена книгата „Кутија“ од грчкиот автор Константинос Пацарос

Ана Ололовска

Онлајн промоција на „Сантос блуз“ – првиот роман на Ненад Алексовски

Ана Ололовска