Промоција на книгата „Приказни за деца и животни“ од Тихомир Јанчовски

Од:

Културно-Информативниот Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на промоција на книгата „Приказни за деца и животни“ од Тихомир Јанчовски на ден 27.05.2022 година, со почеток во 18 часот, во Салон 19:19

Книгата ќе ја претстави Јулијана Величковска, делови од книгата ќе читаат Тихомир Јанчовски и Горазд Китановски.

„Приказни за деца и животни“ е неговата прва книга за деца, се работи за баснарка-боенка. Содржи 14 басни со илустрации во кои ликовите главно се урбани животинки што се наоѓаат пред разни искушенија и дилеми кои ги решаваат на детски наивен и љубовен начин. Во книгата ќе ги најдете бувот Џуши, крокодилот Кроко, Дино Сајрус, јазовецот Бранко, мрзливецот Ано, две деца што станале китови, кучето Флопи и други протагонисти.

Тихомир Јанчовски – поет, професор, преведувач. Роден e нa 24 август 1967, во Скопје. Основно и гимназија завршил во родниот град. Дипломирал општа и компаративна книжевност на УКИМ (1991), специјализирал средновековни студии во Унгарија (1996), магистрирал современа историја во Скопје (2008). Досега му се објавени четириинаесет книги поезија, два романи и една книга колумни. Преведуван е на 15 јазици: англиски, француски, словачки, српски, хрватски, албански, босански, грчки, германски, грузиски, словенечки, руски, украински, персиски и италијански јазик.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска