Во Галеријата на МКЦ денеска ќе биде промовирана книгата „Приказна“, поезија од Наде Поп – Гаврилова во издание на НОВА.
За книгата ќе говори литературниот критичар Санде Стојчевски, а стихови ќе интерпретираат поетите Марина Мијаковска и Васко Маглешев.
Промоцијата ќе биде збогатена со учество Женскиот младински хор на МКЦ , раководен од маестро Сашо Татарчевски.
Наде Поп – Гаврилова е родена 1983 година во Скопје. Дипломира на Филолошки факултет „Блаже Конески“ на Катедрата за романски јазици, италијански и шпански јазик. „Приказна “ е нејзина прва поетска книга. Се јавува и како преведувач од италијански и шпански на расказите: „Апсолутен слух “ од Даниела Дел Дудиче, „Мантилот “од Дино Буцати, „Прирачник за заведување на принцези“ од Хозе Мануел Чема Паз Гаго – препев од шпански во соработка со Фросина Стојковска и Уника и романот „Огнот на животот “од Е.Ј. Албис од италијански јазик.