Промоција на книгата „Премостување на мигот“ од Тодор Чаловски ќе се одржи денеска во спомен-собата на Миладиновци во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје.
За најновата поетска книга на Чаловски ќе зборува проф. д-р Кристина Николовска, а стихови ќе интрепретира актерот Томе Витанов.
Тодор Чаловски е истакнат современ македонски писател. Пишува поезија, книжевна критика и есеистика, а се занимава и со литературен превод и препев. Автор е на десетици книги поезија, од неговата поезија се објавени многу поетски избори и е преведуван на повеќе од дваесетина светски јазици.
Добитник е на значајни книжевни награди од областа на поезијата и критиката. Книгата „Премостување на мигот“ е негова четиринаесетта поетска книга.