Промоција на книгата „Парадоксикон“ од Томислав Османли

Од:

Онлајн промоција на најновата прозна книга „Парадоксикон“ од Томислав Османли ќе се одржи денеска напладне во паркот пред Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје.

Промоцијата, која ќе ја води проф. д-р Кристина Николовска, ќе се пренесува на Фејсбук страницата на КИЦ – Скопје.

– Книгата што го носи необичниот наслов „Парадоксикон“, со поднаслов „фантазии, очудувања, каприча, фарси и гротески, парадокси во проза“ е најновата, дваесерт и осма по ред објава на писателот Томислав Османли. Нејзините дванаесет, главно долги прози, се фокусирани на современата отуѓена стварност. „Парадоксикон“ на Османли се појавуваат како четиво со книжевно впечатливи критички набои, велат од КИЦ.

Авторот на „Парадоксикон“, како што вели писателот и издавач Глигор Стојковски „ги открива гротескните и фантастични суштини на современото секојдневие соголувајќи ги актуелните начини на отуѓување“.

– Османли живописно, комично и едновремено горчливо говори за деперсонализацијата, егоизмот, сексизмот, меркантилноста, профитерството, социопатијата, консумеризмот…поконкретно – за парцијализираното, некомплетно, осиромашено, на пати и крајно извитоперено, тажно „човекување“ на индивидуата во современото пред сѐ наше, но и универзално општество, додава тој.

Промоцијата во КИЦ ќе биде проследена со музичка изведба на пијанистот Глигор Гелебешев, а обраќање ќе има и авторот Томислав Османли.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска