Промоција на книгата „Насликано време“ од Стојан Тарапуза

Од:

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечер ќе биде промовирана книгата „Насликано време“ од Стојан Тарапуза, добитник на наградата „Ванчо Николески“ за 2014 на Друштвото на писатели на Македонија.

За најновата поетска книга за деца на Тарапуза ќе зборува Кристина Николовска, а стихови ќе интрепретира актерот Томе Витанов.

Стојан Тарапуза е роден 1933 година во Злетово. Пишува поезија и проза за деца и поезија за возрасни. Автор е на многу дела од македонската литература за деца. Негови попознати книги се „Дамбара, дунбара“, „Деновирки“, „Седум брода“,„Ѕуница пауница“,„Златици крилатици“,„Зборови по дворови“,„Шарки жарки“ и други. Добитник е на повеќе награди и признанија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска