Промоција на книгата „Македонците во светот“ на Славе Николовски Катин

Од:

Книгата „Macedonians in the world“ („Македонците во светот“) на новинарот и публицистот Славе Николовски Катин денеска ќе ја има својата охридска промоција.

Славе Катин и е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно на државата и на животот на нашите иселеници.

Покрај 55-те публикации, во период од педесет и пет години Катин е автор и на повеќе од 100 научни трудови од различни области и на над 3.000 новинарски и други текстови објавени. Тие, главно, се однесуваат на државата, иселеништвото, религијата, културата, македонскиот јазик и литература и други области.

„Macedonians in the world“ („Македонците во светот“) е плод на неговите патувања по светот. Како член на државни и црковни делегации тој бил на посети и разговори кај поглаварите на Романската, Украинската, Руската и Српската православн ацрква, потоа во Цариградската патријаршија во Истанбул и пет пати бил во делегации во Ватикан во Рим. Исто така, бил и во делегацијата на Владата за погребот на Мајка Тереза во Калкута, Индија, а многу пати патувал со делегации на Македонската православна црква-Охридска архиепископија за Канада, Соединетите Американски Држави, Австралија, во Европската Унија, Турција, Израел, Русија, Украина, Бразил и други земји.

Публикацијата „Македонците во светот“ од Славе Катин е дело на Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје и на Фондацијата „Џорџ Атанасоски“ од Прилеп. Рецензенти на ова дело, кое е на англиски јазик, на 432 страници се покојниот академик Антонио Шкокљев-Дончо и бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски. Промотори на книгата во Охрид ќе бидат Милчо Јованоски и Свето Стефановски.

Промоцијата ќе се одржи во Прличевата одаја на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид од 12 часот.

Би можело да ве интересира

Во Пехчево промовирано делото „Зад твојот сон“

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Окружието на Конески“ од Димитар Пандев

Ана Ололовска

Промоција на поетската книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска

Ана Ололовска

Четврто издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“

Ана Ололовска

„Окружието на Конески“, нова книга од Димитар Пандев

Ана Ололовска

„Лавиринт“ од Ристо Лазаров објавена на српски

Ана Ололовска