Во фоајето на Националната опера и балет денеска ќе се одржи промоција на книгата „Ловро Матачиќ” од авторката и музикологот Ана Видиќ.
Издавач на книгата е Фондацијата „Ловро и Лили Матачиќ“ од Загреб.
Како што соопштија од Националната опера и балет, промотори на книгата ќе бидат музикологот Јулијана Папазова и генералниот секретар на Фондацијата „Ловро и Лили Матачиќ“, Јосип Налис.