Народна банка на Република Македонија по повод Меѓународниот ден на музеите денеска ќе ја промовира книгата „Конзервација на метални археолошки предмети“ од Дијана Ванчевска и Билјана Бозароска Павловска.
На промоцијата ќе говорат Билјана Минчева Шукарова од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и Ивелин Кулев од Институтот за аналитичка хемија од Софија.
Во книгата се претставени археолошки метали, техниките на нивната обработка и научно верификуваните методи за нивната физичко-хемиска заштита. Книгата претставува збир на конзерваторските искуства на авторките и на релевантната стручна литература за конзервација на археолошките предмети од метал.