Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска ќе се одржи промоција на поетската книга „Калеидоскоп“ од Бистрица Миркуловска.
За делото на Миркуловска ќе зборува Петко Дабески, а стихови ќе чита Александра Велинова.
Бистрица Миркуловска е еден од доајените на ДПМ. Како поет, раскажувач, писател за деца и преведувач таа има богат и вреден творечки опус.