Промоција на книгата „Исповедни финеси” на Влатко Галевски

Од:

Во клубот „Менада” в четврток во 20 часот ќе се одржи промоцијата на книгата „Исповедни финеси” на Влатко Галевски, филмски критичар, a промотор на делото ќе биде професорот Ферид Мухиќ.

Се работи за 107. издание во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, кое излезе од печат минатиот месец, за време на Саемот на книга во Скопје. Книгата содржи вкупно 30 финеси, фотографијата на корицата е на Мартин Галевски, дизајнот го изработи бригада.мк, а излегувањето на книгата финансиски е поддржано од Министерството за култура на РМ.

ispovedni-finesi

Во поговорот за книгата насловен Шармот на автентичноста, Мухиќ напиша: “Со „Исповедни финеси“ Влатко Галевски формулира едно апсолутно исклучително и исто толку потребно стојалиште на обновен респект за автентичноста на нашиот сопствен живот. Длабоко сум убеден дека книгава што ја држите во рацете спаѓа во онаа хуманистички инспирирана и естетски афирмирана литература од рангот на Саројан, Селинџер, Ефраим Кишон, а којашто одигра витална улога во самопочитување на цели генерации.”

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска