Во издание на Матица македонска вечер во Скопје ќе биде промовирана книгата „Имуни на реалноста“ од д-р Трајко Славески.
Во своето најново дело универзитетскиот професор и научник објавува 106 текстови, поделени во четири тематски поглавја, во кои говори за широк круг на круцијални теми од областа на економијата и политиката.
За пораките на книгата на Трајко Славески ќе говорат проф. д-р Михаил Петкоски и писателот и публицист Блаже Минески.