Промоција на книгата „Балканот и американската дипломатија во XX век“

Од:

На 21-та годишнина од американското признавање на Македонијa, денеска на Правниот факултет во Скопје ќе биде промовирана книгата „Балканот и американската дипломатија во XX век“ од проф. д-р Мишо Докмановиќ.

Она што го чини ова дело автентично е фактот што „Балканот и американската дипломатија во XX век“ претставува прв учебник од областа на американската дипломатија објавен на македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Д-р Мишо Докмановиќ е вонреден професор  на  Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Завршил и постдипломските студии по современа дипломатија на Медитеранската академија за дипломатски студии. За врвните резултати постигнати во научно-истражувачката работа, добитник е на наградата „Научник на годината“ за 2013 година.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска