Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ денеска ќе биде промовирана книгата „Двонасочна релација: театар – публика видени преку Народниот театар од Штип“ од Трајче Кацаров.
За најново дело во издание на „Матица македонска“ ќе говорат Братислав Димитров , Мишел Павловски и Страшо Милошевски.
Трајче Кацаров е автор на дваесетина поетски, прозни, драмски и критичко-есеистички дела, за кои е добитник на високи книжевни признанија, меѓу кои и на „Рациновото признание“ и „Григор Прличев“ за најдобра поема.