Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска попладне ќе биде промовирана поетската книга „Едностојно треперејќи“ од унгарскиот поет Ласло Л. Шимон. Препевот од унгарски на македонски јазик е на Паскал Гилевски.
За изданието ќе зборуваат писателот Раде Силјан и Јожеф Бенце, амбасадор на Унгарија во Македонија.