Промоција на книга од Сретен Вујовиќ преведена на македонски јазик

Од:

Во Националната установа Центар за култура „Бели Мугри“ во Кочани синоќа беше промовирана трилогијата „Ѓаволски голем водач“ од црногорскиот автор Сретен Вујовиќ преведена на македонски јазик.

Книгата е во издание на Центарот за култура од Кочани, а преводот го направи Виолета Танчева-Златева.

– Преводот на трилогијата „Ѓаволски голем водач” направена на македонски јазик за мене претставува уште едно признание за мојата работа, но и потврда на пријателството меѓу македонскиот и црногорскиот народ. Во Кочани доаѓам како писател на Петровденските конаци, а промоцијата на книгата на македонски јазик овој пат претставува мост меѓу двете култури, изјави писателот Сретен Вујовиќ.

Книгата „Ѓаволски голем водач“ всушност претставува трилогија од неговите три дела „Ѓаволско коло во манастирот”, „Големиот брат- случајна песна од кафезот“ и ,, Водач”. На промоцијата беа презентирани делови од книгата на македонски јазик.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска