Промоција на книга од Круме Кепески

Од:

Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска ќе биде промовирана книгата  „Статии и анализи за македонскиот јазик“ од Круме Кепески (1909-1988), автор на првата македонска граматика.

Книгата ја објави „Македоника литера“ и содржи статии, говори, предавања и разработени јазични прашања, што се однесуваат на општите согледувања на развојот на македонскиот јазик и за одделни јазични прашања; на методиката на наставата за македонскиот јазик и на лексиката на македонскиот јазик.

– Овие трудови на Кепески се исклучително значајни од лингвистички и културолошки аспект поради фактот што тој е авторот на првата македонска граматика, основоположник на граматичарската дејност во Република Македонија и најплодниот автор со дури педесетина изданија на граматики на македонскиот јазик наменети за образованието. Трудовите на Круме Кепески го одбележуваат и развојниот пат на македонскиот литературен јазик, информира издавачот „Македоника литера“.

Промоцијата на книгата од Кепески е организирана во рамки на манифестацијата „Денови на Благоја Корубин“, а ќе ја претстави д-р Веселинка Лаброска.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска