Во Кинотеката на Македонија денеска напладне ќе биде промовирана втора книга со рецензии за филмови од Тони Цифровски, под наслов „Кинеење 2 (следната генерација)“.
Изданието е збирка од 60-ина рецензии за филмови прикажани на домашниот редовен или фестивалски кинорепертоар во период од 2011-та до втората половина на 2014 година.
Во рецензијата за оваа книга писателот Гоце Смилевски, меѓу другото, истакнува: „Филмските критики на Тони Цифровски, освен што ги остваруваат веќе посочените цели од сферата на естетското, но и од едукативното, можат да се согледаат и како историја на кино репертоарот во Македонија во периодот во кој се пишувани…
Книгата ја објави издавачката куќа „Маска“ од Скопје, со поддршка од Министерството за култура. Ќе ја промовираат Мими Ѓоргоска-Илиевска, директор на Кинотеката на Македонија, и Тодор Кузманов, новинар и критичар во Македонското радио.