Во Центарот за култура „Антон Панов“ вечер ќе биде промовирана најновата книга афоризми „Украдено сонце“ од струмичкиот автор Ѓорѓи П.Панов.
Издавач е Центарот за култура „Антон Панов“, а промотори на најновото остварување на Панов се д-р Ана Витанова Рингачева и Иван Котев.
Авторот е внук на познатиот македонски драмски писател Антон Панов, чие име го носи Центарот за култура во Струмица.