Промоција на избраните дела од Бранко Цветкоски

Од:

Избраните дела во 6 томови од книжевното творештво на познатиот македонски поет и литературен критичар Бранко Цветкоски денеска во 18 часот ќе бидат промовирани во Кавадарци.

Промоцијата е во организација на градоначалникот и Советот на општина Кавадарци и на Градската библиотека „Феткин“.

За вредностите и за развојните фази на поетското, есеистичкото и критичарсткото дело на Бранко Цветкоски ќе говори проф. д-р Илија Велев, а делови од книжевното творештво сместено во избраните дела на овој современ автор ќе интерпретира актерот Томе Витанов.

Неодамна по повод 60-годишнината од раѓањето на Цветкоски и 40-годишнината од неговото стартување во македонската литературна арена, во издание на „Макавеј“ од Скопје, се појави шестомен избор од неговото творештво: во првите два тома е селекцијата од неговата поезија, во третиот том е изборот од неговата обемна критичко-есеистичка актива посветена на македонските и на повеќе светски писатели, во четвртиот том за творештвото на Цветкоски се објавени 38 есеи и огледи од сите генарации македонски писатели и критичари, а во петтиот и шестиот том се презентирани поетски книги на Цветкоски објавени на 18 светски јазици.

Цветкоски е носител на врвни државни, книжевни и општествени награди во Република Македонија и на девет престижни меѓународни книжевни признанија и одликувања.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска