По повод 85-годишнината од раѓањето на академик Блаже Ристовски во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе се одржи промоција на неговите Избрани дела во десет томови, што ги објави книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.
Воведен збор ќе има претседателот на МАНУ Владо Камбовски, а делата ќе ги промовираат Георги Старделов, Катица Ќулафкова, Димитар Пандев, Симо Младеновски и Раде Силјан, кој е главен уредник на изданието.
Покрај тоа ќе биде организирана изложба на објавените дела на Ристовски, која ќе ја отвори академик Витомир Митевски.