Промоција на хумореската „Ѕврчки“, прв културен настан во време на пандемија во Делчево

Од:

Во градскиот парк во Делчево синоќа се одржа промоција на збирката хуморески „Ѕврчки“ од авторот Крум Николовски која беше прв културен настан во време на пандемија во Делчево. Книгата е прво дело на Николовски, кој истакна дека со пишување се занимава повеќе од 46 години.

-Идејата да ја напишам „Ѕврчки“ која е поделена во три дела, Историски, Социјални и Студентски ѕврчки, дојде спонтано, иако јас со пишување се бавам од далечната 1974, тоа се 46 години. Имам материјал за уште три-четири книги кои ако ме служи здравјето се надевам ќе ги отпечатам, рече Николовски.

Рецензентот Миле Ѓорѓијоски истакна дека со книгата се збогатува опусот на хуморески кои се поретко се издаваат од македонските автори.

-Уште подобро е што промоцијата помина во ведра атмосфера, а она што е најважно што Крум Николовски има материјал за 5-6 книги и се надевам дека во скоро време можеби пред Нова година ќе излезе со нова книга, рече Ѓорѓијоски.

Организатор на настанот беше Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“, настан кој беше организиран согласно сите протоколи на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство.

-Тоа беше еден од условите да може да одржиме било каков културен настан. Промоцијата протече во најдобар ред, честитки до авторот на кој му посакуваме што повеќе книги да издаде и да учествуваме на уште негови промоции, рече директорот на установата Методи Толевски.

Во рамки на настанот извадоци од делото читаа членовите на некогашното „Експериментално театарче“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска