Промоција на „Фото синтеза“ на Игор Анѓелков

Од:

Промоцијата на романот „Фото синтеза“ на Игор Анѓелков ќе се одржи денеска напладне во книжарницата „Или-или“

Се работи за третата книга на Анѓелков, по дебитантската збирка раскази „Кротки приказни“ (2006 г.) и романот „Крај-пат“ (2010 г.), кои наидоа на одличен прием кај читателите.

– Ако го сакавте она меко, кротко, непретенциозно раскажување со речиси филмска монтажа, ако ја сакавте онаа благост со која авторот сигурно ве „управува“, ревносно хранејќи ви ја илузијата дека „воланот“ е во ваши раце, ако ви се допаѓаше книжевната тура низ секојдневието со задолжителната посета на несекојдневното, ако ги помните „Кротки приказни“ и „Крај-пат“ – тогаш „Фото синтеза“ е одлично „место“ за утврдување на совладаната книжевна материја – пишува писателката Оливера Ќорвезировска во рецензијата за романот.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ