Во Културно-Информативниот Центар – Скопје вечер ќе бидат промовирани книгите „Волшебната авантура” и „Одмаздата на богомолката” од Оља Петрушевска -Томева.
Книгата „Волшебната авантура“ се состои од раскази за деца и е прва литературна објава на Оља Петрушевска Томева.
Книгава, всушност ја сочинуваат два раскази, едниот насловен „Волшебната авантура“ како што е и насловот на книгата, а другиот „Јас, Ана и нашето детство“.
„Одмаздата на богомолката“, е роман за возрасни, како главен мотив на својата креативност распослана на страници и страници создадена приказна некаде меѓу јавето и илузијата.
Оља Петрушевска Томева е дипломиран правник и магистар по европско право и интеграции, авторка на книгата за деца “Волшебната авантура“, која го содржи и насловот “Јас, Ана и нашето детство„ која за себе би рекла дека пред се е мајка, сопруга, домаќинка, пријателка, емпатична човекољупка, поборничка за здрав живот и чиста животна средина, авантуристка, фантазерка, реалистка, накратко обичен човек
Книгите ќе ги промовира Татјана Гогоска, водител Елена Максимовска, драмска игра на Марко и Филип Томеви, пијано придружба – Ана Томев.