Во рамки на битолското културно лето „БитФест“, вечер во Битола премиерно ќе биде емитувана проекцијата на документарниот филм за православните храмови во Битола „Од Монастири до Битола“.
Православните храмови во Битола е документарен филм посветен на почетоците на христијанството во Битола, изградбата на првите цркви и манастири, а поради нивната масовност во изградбата на различни локации, градот бил именуван како Монастири, Манастири и слично се забележува во историски записи на различни патеписци и хроничари.
Во документарниот филм има директни искази од црковни лица за богатиот духовен живот на градот и на верските храмови во кои тие ја реализираат Богослужбата. Исто така понуден е целосен визуелен приказ на сите активни цркви во кои се врши Богослужба со нивните специфики, историјати и раритетни икони, иконостаси, информираат од „БитФест“ во пресрет на вечерашната промоција на документарецот „Од Монастири до Битола“.