Документарниот филм „Дојдете!,Видете!,Уживајте! И зборувајте за убавините на Бислимската клисура“ денеска беше промовиран пред граѓаните и претставници од повеќе институции во населбата „Карпош“.
Филмот е наменет за потенцијалните инвеститори, како и за населението од руралните средини низ кои минува клисурата. Целта е поширока промоција на убавините и потенцијалите за развој на Бислимската клисура, која нуди можности за развој на рурален туризам и економски развој на регионот.
Презентацијата е дел од проектот кој го спроведува Мрежата за рурален развој, имплементиран од здружението на граѓани на Локална Акциона Група за рурален развој „Гласот на народот“ и „Бујрум“, финансиран од страна на проектот Адапатација на земјоделството кон климатските промени од УСАИД.
– Проектот има исклучително значење,особено за кумановскиот регион, бидејќи, нуди можности за развој на алтернативниот туризам. Овој регион е крај кој е релативно непознат во Македонија,особено за оние кои не се од кумановско и ова е извонредна можност на еден ваков начин проектот да се промовира за понатамошниот развој на овој тип на туризам и за потенцијалните инвеститори кои можат да најдат интерес во развивањето на Бислимската клисура, изјави претседателот на Мрежата за рурален развој,Петар Ѓорѓиевски.
Бислмиската клисура е природен уникат, лоциран по течението на Пчиња, во овој дел од Македонија. Карактеристични за неа се неколкуте пештери ,ендемски видови од растителниот и животинскиот свет, кои нудат можност за искористување на потенцијалите на развој на овој кањон кој се протега на површина од седум километри.
– Проектот треба да ги привлече инвеститорите во регионот помеѓу селата Пчиња и Орашац на подрачјето каде се простира клисурата. Претходно, за клисурата изработувани се студии, конкретно од Центарот за развој на североисточниот регион, кои укажуваат дека е локација која може да се искористи за економски развој, изјави Елизабета Цветковска од организацијата „Гласот на селото“.
Таа објасни дека организациите „Гласот на селото“ и „Бујрум“ при подготовка на проектот консултирале експерти од научни установи и институции кои елаборирале која институција каде може да дејствува,да се подготви ДУП и да се поттикнат граѓаните од околината да се вмрежат за да ги подобрат своите капацитети, пример за сместување,за отварање угостителски објекти, со цел да привлечат туристи. И од Мрежата за рурален развој потенцираат дека дека проектот може да им помогне на жителите за економски развој за отварање на мали и средни бизниси, кои дополнително можат да ги зголемат приходите на населението кое живее во близина на клисурата.
Претходните години исто така се правени проекти за Бислимската клисура, прво од општина Куманово која во 2013-та година го искористи повикот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и аплицираше со проект преку кој беа поставени информативни табли со мапи кои го обајснуваа локалитетот кои се поставени долж клисурата. Во 2014-та Центарот за развој на североисточниот плански регион, преку Бирото за регионален развој обезбеди средства за проект со кој се трасираа и унапредија пешачките патеки, беа поставни летниковци и клупи, а беше подготвена и студија за валоризација на природните и културните потенцијали на клисурата. Студијата, тогаш покажа дека околината може да се користи за излетнички, селски, ловен, риболовен, спелеолошки туризам и оти постои можност за спортски туризам, параглајдерство, кајакарство и екстремни спортови.