Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска ќе биде промовирана дигиталната едиција на добитниците на наградата „Рациново признание“ во периодот 1971-2013 година.
На свеченоста ќе бидат промовирани 43 дигитални изданија, од 40 македонски автори кои во изминатите 43 години биле добитници на „Рациново признание“, највисоката книжевна награда за прозно остварување во Република Македонија.
За значењето на оваа престижна награда и во името на наградените автори ќе зборува писателот Васе Манчев.