Во Младинскиот културен центар во Скопје, денеска ќе биде промовирано делото „Историја на Чешка“ од Јан Рихлик, Владимир Пенчев и Новица Велјановски, кој е и преведувач на дел од книгата.
„Историја на Чешка“ е објавена деновиве, во издание на „Македоника литера“ и на „Македонска реч“ од Скопје. Во неа е опфатена интегралната историја на Чешка од праисторијата, па до 2013 година. Презентирани се шеснаесет периоди од историјата на Чешка, а на крајот се објавени и географски карти, хронологија на поважните настани, список на владетели и државници низ историјата, како и на претседатели на влади.
Историјата на Чешка на македонски јазик е една од ретките вакви национални истории за други земји објавени во Македонија.